Тежина
Трпе оди на доктор и докторот го прашува:
– Колку килограми си бил најтежок до сеа?
– 100 кила докторе..
– А најмалку?
– 3 кила и 800 грама, ама тоа беше многууу одамна…
Трпе се враќа камен пијан дома и одеднаш губи свест. Се буди сабајлето, на ништо не се сеќава. Оди низ дневната гледа се искршено. Телевизорот на парчиња, прозорци искршени, врата откорната. Лом. Оди во кујната замислен, гледа на масата поставен најубавиот појадок на светот. И на масата писменце “Драги, те сакам најмногу на свет. Уживај во појадокот. Твојата женичка”.
Доаѓа син му и Трпе го прашува:
– Мали што е ова? Што се случува? Јас на ништо не се сеќавам. Се начукав ептен ама гледам мајка ти не е лута. Туку и гледај каков доручек ми спремила.
– А бе тато. Што да ти кажам. Се врати вчера во 2 саат камен пијан. Почна да кршиш. Да пцуеш. Да се дереш. Го крена цело маало на нозе. Дојдоа и комшии и полиција и се живо се собра. Туку мама те однесе да те облече во пижами за да си легнеш. Јас те држев, а она те соблакаше. Кога ти ги откопча панталоните ти и викна: “Не ме допирај ороспијо! Јас сум оженет човек!”
Тип вози кола, одеднаш БАМ, некој го удира. Искача од кола нервозен, гледа кој го удрил.
Во колата позади плавуша.
– Ти ма гледаш ли што направи? Си полагала ли возачки?!
– Ма сто пати поише од тебе!
Трпе му вели на Цветко:
– Цветко, дај ми 100 евра на заем, многу ми требаат.
Цветко одговара:
– Абе, може и да ти дадам, ама прати ја жена ти Трпана вечерва да спие кај мене.
На Трпе не му се сакало да ја праќа својата жена, ама многу му требале тие пари и и рекол на Трпана:
– Трпано, вечерва да одиш кај Цветко и добро да се претставиш зошто вети дека ќе ми даде 100 евра.
Оди Трпана вечерта кај Цветко. Ја поминува ноќта таму и утрото се враќа.
– Што се случи, добро ли се претстави? Ти даде ли 100 евра?!
Трпана одговара:
– Абе, тој рече дека и 200 си заслужил да ти даде, ама нeмал!
Comments
Post a Comment