Бараме дадилка авантурист – 1000 денари на ден, до 31К месечно
Категорија:
Чистење, Домашна работа, Нега и подршка
Пол :
Женско
Образование:
Средно училиште
Возачка дозвола:
Б
Познавање на јазици:
Англиски
Компјутерски вештини :
Добро
Дали си слободна во наредниов период па се до Октомври? Дали си добра со деца од 1 годишна возраст? Тогаш можеби ние те бараме тебе. Ние бараме бебиситер да се грижи за нашата 1 годишна ќерка.
Ние ја бараме правата личност која ке го забавува детето цел ден, на поинаков начин од само да му пушта ТВ, да знае како да води грижа за мало дете, вклучувајки пресоблекување, бањање, хранење и успивање. Би сакале да го одведеш детето на прошетки во парк, во зоолошка градина, плеј кафе или на други интересни места. Би можела да го едуцираш детето преку играње, читање или некои други ‘играј и учи’ активности.
Освен грижата за детето ќе имаш и лесни обврски во домаќинството кои што се вртат околу детето, приготвување храна, чистење после себе и детето, и вклучување машина и пеглање на детските работи.
Од време на време, да си спремна да му се приклучиш на семејството на патувања за да се грижиш за детето, дома и во странство, со сите трошоци покриени на врв на твојата плата.
Поради ова ние бараме open-minded личност со авантуристички mindset, бидејки нашите патувања вклучуваат кампување, планинарење, одење на плажа и слично.
Правата особа треба да биде одговорна, едуцирана, да зборува добар Англиски јазик, бидејќи ние сме инрернационално семејство и на детето му зборуваме на Англиски јазик, да има добра лична хигиена како и за околината, енергична да може да издржи со 1 годишно дете, поради тоа не постара од 30 години, да е авантурист и да сака кампување и природа, и последно да има работно искуство или големо искуство во чување на помал член од своето семејство.
Да има пасош и преферираме да има возачка дозвола, и да е непушач.
Доколку се пронајде себеси во описов погоре, те молам стапи во контакт со нас со тоа што ќе не побараш.
Со нетрпение очекуваме да се сретнеме со тебе што поскоро.
Категорија: Вработување / Нудам работа
Comments
Post a Comment